Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2012

Кајзерслаутерн остана без тренер

Бундеслигашот Кајзерслаутерн соопшти дека тренерот Марк Курц е сменет поради лошите резултати.

Кајзерслаутерн овој викенд на свој терен изгуби од Шалке (4-1) и е без победа во последните 17 натпревари.
„По поразот од Шалке и интензивните разговори, дојдовме до заедничко уверување дека мораме да го преземеме овој чекор. Се обидовме со различни мерки да го вратиме тимот во нормала, но немавме успех“, рече Штефан Кунц, извршниот директор на Кајзерслаутерн.
Новиот тренер ќе биде поставен наскоро, а додека се најде трајно решение, тимот ќе го водат досегашниот асистент Оливер Шефер и тренерот на голманите Гери Ерман.
Кајзерслаутерн моментно е последен на табелата на германскиот шампионат со 20 освоени бодови по 26 натпревари.

Најнови вести