01.8.2016 Коке во Шалке за три милиони евра
Досегашниот фудбалер на Севилја, Коке, е нов член на германскиот бундеслигаш Шалке.
Шпанскиот интернационалец мината сезона ја освои Лигата на Европа со шпанскиот клуб и беше еден од клучните фудбалери во успесите на андалузискиот тим минатите години, а во германскиот тим дојде за три милиони евра.
Вчера дваесет и деветгодишниот фудбалер ги мина лекарските прегледи, а денес се врати во Шпанија да ги изврши сите формалности пред да му се приклучи на германскиот тим на подготовките во Австрија.
Коке во Севилја помина пет сезони, а дојде во 2011 година од Рајо Валјекано од каде и потекнува.
Шалке беше активен во овој преоден рок и досега ги доведе Емболо и Налдо.