13.12.2011 Гетце ќе паузира до јануари
Марио Гетце, 19-годишниот германски фудбалски репрезентативец, ќе ги пропушти последните два натпревари на Борусија од Дортмунд поради повреда на бутниот мускул.
Во неделата, на средбата од 16-тото коло против Кајзерслаутерн (1-1) Гетце го напукна бутниот мускул на десната нога, поради што ќе мора да паузира до јануари. Тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот од последното, 17-то коло во германското првенство пред зимската пауза против Фрајбург, како и средбата од Германскиот куп против Диселдорф.
Пред неколку дена Гетце беше прогласен за најдобар млад играч во Европа (помлад од 21 година) во изборот на италијанскиот магазин „Тутоспорт“.