09.6.2011 Клозе во Лацио
Германскиот репрезентативец и довчерашен член на Баерн Минхен, Мирослав Клозе, потпиша двегодишен договор со Лацио, потврди римскиот клуб.
Напаѓачот којшто денеска полни триесет и три години во Рим пристигна во
средата вечерта во друштво на својата сопруга и на својот агент. Нив ги нагости
претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, во својата вила, а разговорот,
очигледно, бил успешен. Клубот оваа вест ја објави на својата веб-страница.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Клозе ќе заработува два милиона евра
по сезона, со одредени бонуси.
На Германецот со полско потекло договорот со „баварците“ му истекува со
последните денови од јуни, а продолжувањето на соработката со минхенскиот клуб
беше безуспешна, бидејќи тој инсистирал на двегодишен договор, а клубот му
нудел само една.
Клосе во својата кариера ги бранеше боите на Хомбург, Кајзерслаутерн и
Вердер Бремен, а за германската репрезентација постигна 61 гол на 109 настапи.