Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2011

Михаел Скибе нов тренер на Херта

Берлинскиот бундеслигаш потврди дека 46-годишниот тренер Михаел Скибе го ангажирале како наследник на Маркус Бабел, кој беше отпуштен во неделата.

Самиот Скибе вчера за германските новинари откри дека потпиша договор од први јануари следната до 30-ти јуни 2014 година.
Во германскиот фудбал се враќа од турскиот Ескисехирспор, каде што премина летоска откако со Ајнтрахт испадна во втората Бундеслига по катастрофалната серијата на резултати во втората половина од првенството.
Скибе изјави дека негов прв работен ден ќе биде трети јануари и дека во Берлин доаѓа сам, што значи дека од Бабел ќе го преземе неговиот комплетен стручен штаб, па така и првиот помошник Рајнер Видмаер, кој вчера Херта ја доведе до домашна победа (3-1) против Кајзерслаутерн во натпревар од осминафиналето на Германскиот фудбалски куп.

Најнови вести