Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2012

Почина фудбалер на Ескисехирспор

Турскиот фудбалски сојуз побара дозвола од Меѓународната фудбалска организација репрезентативците за време на натпреварот против Холандија во петок да носат црни ленти бидејќи во вторникот почина Едиз Бахтијароглу, член на Ескисехирспор.

Поранешниот турски младински репрезентативец доживеа срцев удар во вечерните часови во вторникот, по малку време откако се вратил од клупскиот тренинг. Дваесет и шестгодишниот Бахтијароглу се онесвестил во куќата во која живеел со состанар, а возилото на медицинската помош стасало предоцна за да помогне.
„Немаше тежок тренинг таа вечер. Точната причина за смртта ќе биде позната по резултатите од аутопсијата“, изјави клупскиот лекар Али Армаган.
Бахтијароглу по потекло е од Босна и Херцеговина, а името, пред да го преземе турското, му беше Едис Бахтијаревиќ.