Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2015

Дортмунд против Херта без Ројс

Јирген Клоп, тренерот на Борусија од Дортмунд, изјави дека Марко Ројс поради повреда нема да игра ниту претстојниот викенд.

Германскиот репрезентативец го пропушти дуелот со Хофенхајм поради повреда предизвикана од замор.
Поради таа причина нема да биде во составот ниту во средбата против Херта од Берлин.
„Марко Ројс нема да игра утре. Беше на дополнителни испитувања и му беше кажано дека со тренинзи може да почне на средината на следната седмица. На терен се врати Оливер Кирх, како и Лукаш Пишчек. Набрзо ќе се врати и голманот Вајденфелер“, изјави Клоп.
На три кола пред крајот на Бундеслигата, екипата на Дортмунд се наоѓа на деветтото место, но игра и во финалето на Купот против Волфсбург на 30-ти мај.

Најнови вести