Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2018

Пеп: Имаме уште 90 минути, како и Севилја и Јувентус

Пеп Гаврдиола им рече на неговите играчи дека ќе мора да се борат како Барселона ако сакаат да дојдат до полуфиналето на Лигата на шампионите и изјави дека одбива да прифати дефинитивен пораз и покрај тоа што во првиот натпревар од четврт-финалето Ливерпул славеше со 3-0.

Гвардиола изјави дека се надева дека неговиот тим ќе се врати и ќе биде сличен на оној којшто го гледавме во режија на играчите на Барселона против ПСЖ, кога Каталонците победија со 6-1 и покрај поразот од 4-0 во првиот натпревар.
На Сити тоа ќе му биде потребно за седум дена – да направи голем пресврт.
„Во фудбалот сè може да се случи. Резултатот е таков каков што е, но сè уште имам чувство како да не е сè завршено. Многу верувам во својот тим, кој многу добро се покажа оваа сезона“, изјави Гвардиола по првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите, во којшто Сити беше поразен од Ливерпул со 3-0.
„Имаме уште по 90 минути. Ние, Севилја и Јувентус. Ќе се обидеме. Комплицирано е, секако, бидејќи играме против врвен тим. Сега навистина е тешко. Ни беше потребен гол, но не можевме да го постигнеме“, додаде менаџерот на „граѓаните“.
„Во оваа просторија сигурно никој не верува дека ние можеме да го направиме тоа, но утре ќе се обидеме да ги увериме играчите дека може да дојдат до пресврт“, додаде тренерот на Манчестер сити.
„Сите навивачи прават поинаква атмосфера, знаеме веќе како е на ‘Енфилд’. Знаеме дека и на домашен терен не треба да примиме гол доколку сакаме да се надеваме на нешто. Ќе видиме. Моите играчи мора да веруваат во себе, тие се тим со карактер“, изјави Гвардиола, кој потоа даде коментар и за нападот на навивачите на Ливерпул на автобусот на Сити.
„Полицијата се обидува да ги спречи ваквите работи кога очекува дека може да се случат. Јас ова не го очекував од навивачите на голем клуб каков што е Ливерпул, не го очекував ова од луѓето овде. Сите се сеќаваме што ѝ се случи пред една година на екипата на Дортмунд. Не ги разбирам ваквите ситуации. Автобусот е уништен. Тоа не го направи Ливерпул. Тоа го направија луѓето и се надевам дека нема да се повтори“, изјави Гвардиола.
Од Ливерпул изјавија дека навивачите би требало нивната поддршка да ја искажуваат на пристоен, пријателски и мирољубив начин и токму на тоа повикуваа пред натпреварот за да бидат сите безбедни.
Јирген Клоп поради целиот тој инцидент, се извини пред почетокот на натпреварот.
„Не го разбирам сето ова. Сè се обидовме за да ги избегнеме ваквите ситуации. Кога помина нашиот автобус, сè беше во ред. Се извинувам во името на целиот клуб“, изјави Клоп.

Најнови вести