18.12.2012 Курц нов тренер на Хофенхајм
Во редовите на германскиот фудбалски прволигаш Хофенхајм брзо го решија прашањето за нов тренер. Сменетиот Маркус Бабел го наследи 43-годишниот Марко Курц, кој потпиша договор до 2014 година.
Андреас Милер, спортскиот директор на Хофенхајм, и Курц долго се познаваат и двајцата меѓу 1995 и 1998 година заедно играа во Шалке и во 1997 го освоија Купот на УЕФА.
Во тренерската кариера, која ја почна во 2005 година, Курц досега ги водеше Пфилендорф, Минхен 1860 и Кајзерслаутерн, а без работа е од март оваа година.
Клупата на Хофенхајм Курц ја презема во моментот додека клубот се наоѓа на 16-тото место на табелата во Бундеслигата, само со 12 освоени бодови од 17 натпревари. Моментно клубот од Зинсхајм нанижа шест последователни бундеслигашки порази, а последната победа ја оствари на трети ноември против Шалке (3-2).