Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2013

Маркус Гиздол нов тренер на Хофенхајм

По неколку часа откако го отпуштија тренерот Марко Курц, од германскиот прволигаш Хофенхајм потврдија дека за нов тренер го именуваа 43-годишниот Маркус Гиздол.

Курц доби отказ заедно со спортскиот директор Андреас Милер по серијата лоши резултати. На седум кола пред крајот на Бундеслигата Хофенхајм се наоѓа на претпоследното место, четири бодови оддалечен од позицијата која води во разигрувањето за останок и дури девет од целосно сигурната зона.
Гиздол до декември му беше помошен тренер на Хуб Стевенс во Шалке. Хофенхајм веќе му е познат бидејќи од 2009 до 2011 година во клубот беше тренер на втората екипа. Потоа отиде со Ралф Рангник во Шалке, каде што остана помошен тренер и во мандатот на Стевенс. Хофенхајм ќе му биде прва голема самостојна тренерска работа.

Најнови вести