Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2015

Ливерпул го доведе Фирмино

Роберто Фирмино, досегашниот фудбалер на Хофенхајм, потпиша повеќегодишен договор со Ливерпул, пренесува Би-би-си.

Останува уште бразилскиот репрезентативен офанзивен играч да ги помине медицинските прегледи, а „црвените“ за неговото доведување издвоиле 29 милиони фунти.
Тоа е втор најскап трансфер во историјата на Ливерпул, а со првиот не се прослави, за проблематичниот Енди Керол клубот плати 35 милиони евра.
Дваесет и тригодишниот Фирмино претходните четири и пол години ги помина во Хофенхајм, минатата сезона постигна седум голови, а сега ќе стане петто засилување на Ливерпул, по Ингс, Богдан, Милнер и Џо Гомез.

Најнови вести