Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2013

Торстен Финк доби отказ во Хамбургер

Исклучително бледата игра на почетокот на новата бундеслигашка сезона беше причина за смена на тренерот во Хамбургер. Торстен Финк веќе не е тренер на екипата на овој германски бундеслигаш.

По синоќешниот состанок на раководството на клубот, денес во јавноста е сервирана информацијата дека 45-годишниот Финк само по пет кола во новата сезона, доби отказ во овој клуб.
Торстен Финк, некогашниот успешен фудбалер на Баерн од Минхен, од 2011 година беше во Хамбургер, а претходно во неговата тренерска кариера беше тренер на Инголштад и Базел.
Хамбургер на стартот на новата сезона имаше три порази и по една победа и реми, а моментно се наоѓа на 15-тото место на табелата. Отказот следуваше по тешкиот пораз кај Борусија во Дортмунд (6-2), а Хамбургер имаше уште една непријатна средба оваа сезона, домашниот пораз од 5-1 од Хофенхајм.
Се очекува дека клубот многу брзо ќе го именува наследникот на Финк.

Најнови вести