Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2015

Курањи се врати во Бундес лигата

Поранешниот германски репрезентативец, Кевин Курањи, по пет години се врати во Бундес лигата и потпиша едногодишен договор со Хофенхајм, соопшти клубот.

Триесет и тригодишниот напаѓач од 2010 година играше за Динамо Москва, откако претходно со голем успех настапуваше за Штутгарт и за Шалке.
„По пет години во Русија многу сум мотивиран уште еднаш да се докажам во Бундес лигата“, изјави Курањи.
За германската национална селекција одигра 52 натпревари на кои постигна 19 голови.

Најнови вести