Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2015

Баерн со проблеми во одбраната, долга пауза за Бенатија

Баерн од Минхен потврди дека Мадхи Бенатија тешко се повредил, поради што ќе мора долго да паузира.

Мароканскиот дефанзивен играч играта ја напушти во 36-тата минута од натпреварот со Хофенхајм.
Бенатија заработи повреда на бутниот мускул, но во баварскиот клуб не открија колку долго ќе мора да отсуствува од теренот.
„Проблемот е со мускулот и мислам дека повредата не е од лесна природа“, изјави спортскиот директор Матијас Замер.
Речиси сигурно Бенатија ќе го пропушти дуелот со Баер Леверкузен следната седмица, а потоа ќе се види кога би можело да се врати на теренот.
Поради неговата повреда, Пеп Гвардиола, тренерот на тимот од Минхен, нема да може да смета на двајца стандардни стопери во дуелот со Баер од Леверкузен, бидејќи Џером Боратенг ќе мора да ја отслужи суспензијата поради црвениот картон во натпреварот со Хофенхајм.

Најнови вести