Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2013

Рафаел нов играч на Менхенгладбах

Рафаел, 28-годишниот бразилски фудбалер за врска, договори трансфер од Динамо Киев во редовите на германскиот прволигаш Менхенгладбах.

Минатата сезона Рафаел шест месеци помина на заем во Шалке, а сега ќе потпише тригодишен договор по успешно извршениот лекарски преглед, наведуваат германските медиуми, како и тоа дека официјалното претставување е закажано за во понеделник.
Во Менхенгладбах Рафаел по трет пат во кариерата ќе работи со тренерот Луцијан Февр. Швајцарскиот стратег претходно го тренираше во Цирих и во Херта од Берлин.

Најнови вести