Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2012

Хофенхајм го отпушти Маркус Бабел

Отказот за Бабел е очекувана вест по четирите последователни порази на Хофенхајм во Бундес лигата.

Четириесетгодишниот Маркус Бабел по десет месеци е сменет од местото шеф на стручниот штаб на Хофенхајм. Ова е очекувана вест бидејќи Хофенхајм вчера против Вердер го доживеа четвртиот последователен пораз и има само една победа во последните девет кола, а со 12 бодови се наоѓа дури на 16-тото место на табелата и има примено најмногу голови.
Со екипата привремено ќе работи 43-годишниот Франк Крамер, тренерот на вториот тим, и тој речиси сигурно ќе седи на клупата во петок на гостувањето кај Хамбургер.
Бабел по завршувањето на играчката кариера најпрво беше асистент во Штутгарт, кого потоа самостојно го водеше од ноември 2008 до декември 2009 година. Потоа беше тренер на Херта од јуни 2010 до декември 2011 година и ја врати во Бундеслигата, а во Хофенхајм прво беше спортски директор, па од десетти февруари оваа година и тренер. Бабел по Ралф Рангник, Марко Пецајоли и Холгер Станиславски, веќе е четврти сменет тренер во Хофенхајм во последниве две години.

Најнови вести