Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2012

Бабел нов фудбалер на Фиорентина

Дваесет и петгодишниот холандски фудбалер Рајан Бабел следната сезона ќе игра во дресот на Фиорентина по трансферот од Хофенхајм за оштета од три милиони евра.

Според пишувањата на „Л’Екип“, Бабел потпиша тригодишен договор, а финансиските услови досега се непознати.
На овој крилен играч ова ќе му биде четврт клуб во кариерата, по Ајакс, Ливерпул и Хофенхајм, а до трансферот дојде откако Маркус Бабел, тренерот на германскиот бундеслигаш, порача дека веќе не смета на него.
За холандската репрезентација Бабел досега собра 42 настапи и притоа постигна пет голови.

Најнови вести