Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2014

Баерн во март стана шампион по 24-ти пат!

Фудбалерите на Баерн од Минхен ја одбранија титулата во Бундеслигата на седум кола пред крајот на шампионатот.

Доминантната екипа на Пеп Гвардиола во 27-мото коло ја совлада Херта во Берлин со 3-1, па сега има недостижни 25 бодови повеќе од Борусија од Дортмунд.
Просто неверојатно звучи податокот дека Баерн во досегашниот тек на шампионатот одигра само два нерешени натпревари, а непоразени против него беа само Баер Леверкузен и Фрајбург дома (двете средби завршија 1-1).
„Баварците“ стигнаа до 24-тата титула во историјата на клубот и сега ќе може да се посветат на дуелот во четврт-финалето на Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед.
На натпреварот во Берлин Баерн практично сè заврши во првите 15 минути. Тони Крос погоди во шестата минута по додавањето на Милер, а осум минути подоцна предноста ја дуплираше Марио Гетце.
Фудбалерите на Херта во продолжение го направија натпреварот поинтересен откако Рамос во 66-тата минута погоди пенал за 2-1, но 11 минути пред крајот Франк Рибери го постави конечниот резултат.
„Баварците“ ќе ја освоеја титулата и да беа поразени во Берлин, со оглед на тоа дека Борусија Дортмунд во дерби-колото на домашен терен одигра без голови со Шалке.

Најнови вести