Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2014

Хејтинга направи трансфер во Херта

Холандскиот фудбалер Џони Хејтинга потпишал двегодишен договор со Херта од Берлин, соопшти германскиот фудбалски клуб.

Во соопштението се наведува дека холандскиот дефанзивен играч дошол од Фулам без оштета.
Хејтинга одигра 87 натпревари за репрезентацијата, но не се најде во составот на тимот за Светското првенство во Бразил.
Михаел Прец, генералниот менаџер на Херта, изјави дека искуството на 30-годишниот Хејтинга многу ќе им помогне на младите играчи на германскиот клуб.
Хејтинга професионалната кариера ја почна во Ајакс, а пред Фулам и Херта, ги бранеше боите на Атлетико Мадрид и Евертон.

Најнови вести