Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2014

Фулам го отпушти Магат

Германскиот тренер Феликс Магат доби отказ во Фулам по низата очајни резултати, потврди клубот, а тимот во наредниот период ќе го води Кит Сајмон.

Одлуката ја донесе сопственикот Шахид Кан, кој изјави дека на „Крејвен котиџ“ е потребна свежина и брза промена.
Фулам во првите седум кола на Шампионат лигата освои само еден бод, и тоа во натпреварот со Кардиф, чиј тренер Оле Гунар Солскјер вчера, исто така, ја напушти менаџерската позиција.
„Никогаш не сум имал толку слаби резултати, без оглед на тоа кој клуб го водев. Жал ми е поради навивачите, не умеам ниту да ја објаснам причината за нашата слаба игра“, изјави Магат, кој само пред една седмица ја молеше управата за трпение.
Фулам минатата сезона испадна од Премиер лигата како претпоследен на табелата, а Германецот во клубот дојде во февруари и оствари вкупно четири победи, четири ремија и 20 изгубени натпревари.

Најнови вести