Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2014

Митроглу и Хејтинга потпишаа за Фулам

Грчкиот напаѓач Костас Митроглу кој беше трансфер цел на голем број европски клубови во зимскиот преоден рок потпиша за лондонскиот премиерлигаш Фулам, а холандскиот одбранбен фудбалер Џон Хејтинга дојде како слободен фудбалер од Евертон.

„Многу ми е мило што дојдов во Премиер лигата. Тука сум затоа што сакам да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели. Бев почестен кога чув дека Фулам се интересира за мене“, изјави Гркот за интернет страницата на неговиот нов клуб.
Грчкиот напаѓач потпишал договор до летото 2018 година, а финансиските детали на трансферот не беа објавени.
Дваесет и петгодишниот Митроглу во 2007 година дојде во Олимпијакос од Борусија Менхенгладбах, а за грчкиот шампион одигра 148 натпревари и постигна 62 гола.
Џон Хејтинга се пресели од Ливерпул во Лондон како слободен фудбалер откако му заврши договорот со Евертон за кој играше 4 години и настапи на 140 натпревари.

Најнови вести