Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2018

Хаос во Солун: Навивачите го погодија тренерот на Олимпијакос, Миралас им ги покажа гениталиите

Дерби-натпреварот на грчкиот шампионат меѓу ПАОК и Олимпијакос не почна во планираното време поради нередите на стадионот во Солун.

Домашните навивачи на „Тумба“ направија фантастична атмосфера, но при влегувањето на играчите и делегациите на двата тима на теренот, го погодија Оскар Гарсија, тренерот на Олимпијакос.
Тој со исеченица на главата се врати во соблекувалната за да му биде укажана прва помош, а набрзо и потпретседателот на клубот Савас Теодоридис ги повлече фудбалерите по краткиот разговор со судијата Ареопулос.
По еден час, Гарсија бил пренесен на испитување во локалната болница. Ниту навивачите од Атина не останаа должни кон домаќините, искусниот Кевин Миралас се посрамоти бидејќи им ги покажа гениталиите на навивачите на ПАОК.
Два часа по инцидентот, Гарсија не се врати на стадионот, Олимпијакос не сакаше да настапи без тренерот, па натпреварот беше откажан. Навивачите постепено ја напуштија „Тумба“, а телевизиските екипи ја спакуваа нивната опрема.
Ова можеби е и клучниот натпревар на сезоната во грчката Суперлига, ПАОК е лидер со 52 бода, два повеќе од АЕК, додека актуелниот шампион Олимпијакос е трет со 46 бода. Вклучувајќи го и ова коло, трите тима ќе одиграат уште по осум натпревари.

Најнови вести