Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2018

Савидис суспендиран на три години, ПАОК се збогува од титулата

Иван Савидис, сопственикот на ПАОК, е казнет со тригодишна суспензија од фудбалот и со сто илјади евра поради тоа што на натпреварот против АЕК во Солун влезе вооружен на теренот.

Савидис, револтиран од одлуката на ПАОК да му се поништи голот, со пиштол во појасот и со обезбедување упадна на теренот да се пресмета со судијата Јоргос Коминис, па сега нема да може да присуствува на сите натпревари во период од три години.
Таквиот потег на рускиот бизнисмен, кого медиумите го опишуваат како човек кој го држи половина Солун и е близок на рускиот претседател Владимир Путин, резултираше со прекин на грчкото првенство од неколку седмици.
Поради споменатиот скандал, кој предизвика прекин на натпреварот, ПАОК беше казнет со одземање три бода, уште два за следната сезона, три натпревари без присуство на публиката и парично со 63.000 евра.
Санкциониран е и директорот на клубот Лубош Михел, исто така поради упаѓање на теренот, со 90 дена надвор од фудбалот и со 15.000 евра.
Натпреварот во Солун беше регистриран со службен резултат од 3-0 во корист на АЕК, кој сега е на чекор од шампионската титула бидејќи има седум бода повеќе од второпласираниот Олимпијакос и осум повеќе од ПАОК.
Ова е првостепена одлука на Дисциплинската комисија на Суперлигата и сите ќе имаат право на жалба.
Шампионатот на Грција продолжува следниот викенд.

Најнови вести