Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2016

Грција го откажа Купот

Владата во Грција го откажа фудбалскиот Куп откако полуфиналниот натпревар беше прекинат поради навивачкото насилство.

Грчкото министерство за спорт ја објави одлука по насилството во Солун, кога навивачката група на ПАОК влезе во конфликт со полицијата во текот на натпреварот со Олимпијакос.
Натпреварот беше прекинат во 90-тата минута при водство на Олимпијакос од 2-1. Тренерот на Олимпијакос беше погоден со шише вода во грбот, а потоа навивачите на ПАОК почнаа да фрлаат и други предмети на теренот. Полицијата не успеа да ја контролира ситуацијата.
Второто полуфинале меѓу АЕК и Атромитос требаше да се игра денес, додека финалето беше закажано за 23-ти април.

Најнови вести