05.1.2018 Олимпијакос најде нов тренер
Фудбалскиот клуб Олимпијакос за нов тренер го именуваше Оскар Гарсија.
Гарсија ќе биде трет тренер на клубот од Пиреја оваа сезона, а во тренерската кариера ги водеше: Макаби, Брајтон, Ватфорд, Салцбург и Сент Етјен.
Шпанскиот стручњак на клупата на грчките „црвено-бели“ го наследи Такис Лемонис, а пред него шеф на стручниот штаб на Олимпијакос беше Албанецот Бесник Хаси.
Гарсија како фудбалер настапуваше за Барселона и за Валенсија, а пред Каталонците да ја означат соработката со Ернесто Валверде, Гарсија беше дел од шпекулациите на шпанските медиуми и кандидат за клупата на Барселона.
Олимпијакос моментно е на врвот на табелата на грчкиот шампионат со 32 бода, а второто место го делат АЕК и ПАОК, којшто имаат по бод помалку.