07.3.2017 Олимпијакос му даде отказ на Бенто
Грчкиот шампион Олимпијакос го отпушти тренерот Пауло Бенто по трите последователни порази во Суперлигата.
На португалскиот стручњак му пресуди поразот во дербито со ПАОК (2-0).
Претходно, гигантот од Пиреј беше поразен од АЕК и од Паниониос, второпласираниот на табелата, кој сега заостанува со седум бодови на седум кола пред крајот на сезоната.
Олимпијакос привремено ќе го води тренерот на младите категории Василис Вузас, а деби ќе има против турскиот Бешикташ во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа во четврток.
Бенто, поранешниот репрезентативец на Португалија и селектор на националниот тим на неговата земја, го презеде Олимпијакос во август минатата година.
Олимпијакос од 2000 година само два пати остана без шампионската титула на Грција.