Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2014

Фулам му го позајми Руис на ПСВ

Англискиот премиерлигаш Фулам, го прати на заем напаѓачот Брајан Руис во ПСВ Ајндховен до крајот на сезоната.

Дваесет и осумгодишниот Костариканец во Фулам дојде во 2011 година од Твенте во трансфер вреден 12,1 милион евра, но со доаѓањето на новиот тренер Рене Меуленстен од декември минатата година играше само на два натпревари.
Руис, кој ќе биде капитен на репрезентацијата на Костарика на Мундијалот во Бразил оваа година, прв пат во Европа заигра во 2006 година, кога се придружи на белгискиот Гент, а три години подоцна направи трансфер во Твенте.

Најнови вести