Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2015

Јокановиќ го презема Фулам

Славиша Јоакановиќ до пред две седмици беше учесник во Лигата на шампионите, а во последната седмица од 2015 би требало да биде на клупата на англискиот второлигашки тим.

Српскиот стручњак одлучил да ја прифати поканата на Фулам и оваа сезона да ја продолжи во англискиот Шампионат, а на Макаби Тел Авив ќе му посака да ја одбрани титулата првак на Израел и повторно да се пробие Лигата на шампионите.
Англиските медиуми пишуваат дека Фулам и Макаби Тел Авив се договориле за исплата од 360.000 фунти обесштетување со кој лондонскиот клуб треба да му плати на шампионот на Израел бидејќи го презема тренерот на половина сезона.
Остана само уште Јокановиќ да ја договори својата плата и ќе биде претставен на „Крејвен котиџ“ како замена за отпуштениот Кит Симонс.

Најнови вести