Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2014

Магат нов менаџер на Фулам

Фулам го отпушти Рене Мeуленстeн од менаџерската позиција, а на негово место го именува Феликс Магат, кој потпишал договор на 18 месеци.

Магат пред некое време ја одби понудата на Хамбургер кој се бори за опстанок во Бундеслигата и ќе се обиде да му донесе успех на клубот од Лондон.
„Среќен сум што можам да му посакам добредојде на Магат во Фулам. Феликс е искусен менаџер со многу титули и сака да го пренесе тој успех во Фулам“, изјави Шахид Кан, претседателот на Фулам.
 Интересно е што во соопштението не е спомнат отказот на Меуленстен, но неговата судбина е очигледна.
„Посебно ме радува репутацијата која Феликс ја има кога е во прашање неговото доаѓање во клубови кои се во тешка ситуација. Секогаш ја подобрува моменталната состојба. Тој знае точно во каква ситуација е и им даде на сите до знаење што очекува од екипата“, додаде Кан.
Магат во текот на кариерата беше на клупата на Хамбургер, Нирнберг, Вердер, Ајнтрахт, Штутгарт, Баерн Минхен, Шалке и Волфсбург, а сега го презема Фулам кој е на последното место во Премиер лигата со 20 бодови и има освоено само еден бод на последните шест натпревари.

Најнови вести