Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2015

Симонс не è повеќе менаџер на Фулам

Управата на Фулам му се заблагодари на соработката на досегашниот менаџер Кит Симонс.

Капката која ја прели чашата беше поразот од Бирмингам од 2-5, кој ги остави на 12-тото место , точно на средината на Чемпионшипот.
„Не сè сомневам дека Кит се трудеше, но едноставно не одеше. Му се заблагодаруваме за сè, но промената е неопходна за да ја исполниме нашата цел, а тоа е враќање во Премиер лигата“, изјави сопственикот на второлигашот од Лондон, Шахид Кан.
Засега не сè знае кој ќе ќе седна на клупата на клубот од „Крејвен котиџ“, но многу познати имиња се во игра.

Најнови вести