Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2015

Сити доведе 18-годишен фудбалер од Фулам

Фудбалскиот клуб Манчестер сити потпиша договор со Патрик Робертс, еден од најталентираните играчи на Островот, за осум милиони фунти, објавија „граѓаните“.

Робертс има 18 години и игра на позицијата страничен играч и напаѓач, а Сити за трансферот од Фулам издвои пет милиони фунти, со опција цената да порасне за уште пет.
Тој минатата година за Фулам во Шампионат лигата одигра 17 натпревари, но не успеа да се запише во листата на стрелците.
Робертс ќе биде трето засилување на клубот во овој преоден рок, по доаѓањето на Рахим Стерлинг од Ливерпул и Фабијан Делф од Астон вила.
Младиот фудбалер беше еден од најзаслужните играчи на кадетската репрезентација на Англија за освојувањето на Европското првенство минатата година.

Најнови вести