Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2015

Стекеленбург потпиша за Саутхемптон

Искусниот голман Мартен Стекеленбург кариерата ќе ја продолжи во Саутхемптон.

Тој е позајмен на една година од Фулам за да може Фрејзер Фостер, кој е подложен на повреди, да има адекватна замена.
Стекеленбург во првата сезона со Фулам испадна од лигата, а потоа втората ја помина на заем во Монако.
„Ова е голем ден за мене, доаѓам во голем, голем клуб со голема репутација, кој ќе игра во Европа. Многу сум среќен што ми се укажа оваа можност“, изјави Стекеленбург.

Најнови вести