15.12.2016 Ѕола го презеде Бирмингам
Некогашниот италијански фудбалер Џанфранко Ѕола ѝ се врати на тренерската работа, денес го презеде англискиот второлигаш Бирмингам.
На Ѕола ова му е трет англиски клуб кој ќе го води како тренер, по Вест хем и Ватфорд. Тој без работа беше од јуни, кога беше отпуштен од катарскиот Ал-Араби.
Кинеските инвеститори коишто го презедоа Бирмингам го именуваа Ѕола по неколку часа откако е отпуштен Гери Роует.
Бирмингам по 21-но одиграно коло на англиската Шампионат лига, се наоѓа на седмото место со 34 бода, колку што има и Шефилд, кој е на местото кое води во плејофот за пласман во Премиер лигата.