Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2012

Вила му нуди нов договор на Гузан

Астон вила му понуди нов договор на Бред Гузан, репрезентативниот голман на Америка.

Стратегот Алекс Меклиш не е сигурен дали овој дваесет и седумгодишен голман ќе ја прифати оваа понуда за нов договор знаејќи дека првата опција на тимот од Бирмингам е ветеранот Шеј Гивен.
Американецот за Астон вила настапи на шест премиерлигашки натпревари откако е дојден на „Вила парк“ во август 2008 година.
„На Бред ќе му дадеме време да размисли. Ние му понудивме нов договор, но ќе ја почитуваме и неговата одлука. Знаеме дека проблемот е што не е број еден, но Шеј има триесет и пет години, а секогаш кога Ирецот не беше на голот, Бред покажа дека има одличен рефлекс и дека заслужува место меѓу стативите. Ние знаеме дека тој е голман од висока класа“, рече Меклиш.
Во сите натпреварувања за Астон вила Бред Гузан настапи вкупно на триесет и два натпревари.

Најнови вести