Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2012

Рамирес ја продолжи верноста кон Челзи

Рамирес, играчот за врска на Бразил и Челзи, се согласи да ја продолжи верноста на уште три години, односно до 2017 година, пренесуваат англиските медиуми.

Бразилецот во 2010 година од редовите на Бенфика стигна на „Стемфорд бриџ“ за сума од осумнаесет милиони фунти, а оваа сезона на дваесет и шест настапи беше стрелец на осум погодоци.

Ова е една од ретки добри вести за екипата на Андре Вилаш-Боаш, која оваа сезона ги доживува најлошите моменти откако на чело на клубот е рускиот милијардер Роман Абрамович.

Инаку, Рамирес на натпреварот од ФА купот против Бирмингам, кој заврши нерешено 1-1, се врати во првиот тим по три седмици пауза поради повреда на коленото.

Најнови вести