14.2.2012 Челзи остана без Ешли Кол
Eшли Кол, левиот бек на Челзи, го повреди листот на ногата и, без сомнение, нема да може да му помогне на својот тим за натпреварот од ФА купот против Бирмингам, како и за мечот од Лигата на шампионите во осминафиналето против Наполи наредната недела.
„Неговата здравствена состојба не е воопшто добра, така барем рече медицинскиот тим. Му следува подолга пауза, а колкава ќе биде таа, сè уште не знаеме“, рече стратегот Андре Вилаш-Боаш, кому, според медиумите во Англија, му се одбројани минутите на клупата на тимот од „Стемфорд бриџ“.
Добра вест за „сините“ од Лондон е дека за споменатиот меч против Бирмингам на располагање ќе го имаат капитенот и централен дефанзивен играч Џон Тери.