Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2012

Доусон потпиша нов договор со Вест Бромич

Крег Доусон, централниот дефанзивен играч на Вест Бромич, потпиша нов три и полгодишен договор, потврдија од клубот.

Младинскиот репрезентативец на Англија во редовите на екипата од Бирмингам дојде во 2010 година од Рочдејл.

За младата репрезентација постигна два погодоци, а во септември 2011 година го имаше и дебито во Премиер лигата за својот клуб.

Новиот договор Доусон ќе го задржи во клубот до 2015 година, но и тогаш стои опција за продолжување уште на една година.

„Ние сме пресреќни што успеавме овој млад талентиран фудбалер да го задржиме на подолг период. Откако дојде во клубот, тој навистина е импресивен, како на тренинзите така и на натпреварите. Веруваме дека Крег е од големо значење за иднината на клубот“, изјави стратегот Рој Хоџсон.

Најнови вести