Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2014

Магат: Ќе останеме во Премиер лигата

Феликс Магат, новиот менаџер на Фулам, е сигурен дека тимот од „Крејвен котиџ“ ќе опстане во Премиер лигата, иако се наоѓа на последното место на табелата.

Германскиот стручњак изјави дека неговиот претходник на клупата на Фулам, Рене Меленстин, ја уназадил играта на тимот, но дека верува во квалитетот на своите играчи.
„Во следните месеци ќе мора да се потрудиме да не испаднеме. Имаме добра атмосфера во екипата, сега мора да се сконцентрираме на следните 12 натпревари, особено на утрешната средба против Вест Бромич“, изјави Магат.
Магат, кому ова му е прв ангажман надвор од Бундеслигата, го бие глас дека е многу строг и дека во неговите тимови владее неверојатна дисциплина, но германскиот стратег ги демантираше таквите тврдења.
„Тоа не е вистина, јас сум добро момче, прашајте го Раул како работам. Немојте да ги прашувате играчите кои не ги знаете во Англија, прашајте ги добрите фудбалери“, додаде Магат.
Германецот во досегашната тренерска кариера ги водеше: Хамбургер, Нирнберг, Ајнтрахт, Штутгарт, Шалке, Волфсбург два пати, а најмногу е познат по својот ангажман во Баерн од Минхен.
Фулам по 26-тото коло се наоѓа на последното место на табелата на Премиер лигата со 20 бодови, четири помалку од екипата на Вест Бромич, која се наоѓа над зоната за испаѓање и против која Магат ќе го има своето деби во Премиер лигата.

Најнови вести