Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2015

Херта го отпушти тренерот

Херта од Берлин го отпушти тренерот Јос Лухукај, што е четврти отказ во Бундеслигата од почетокот на сезоната, соопшти германскиот клуб кој се бори за опстанок.

Педесет и едногодишниот Лухукај доби отказ по поразот со 1-0 од Баер Леверкузен на домашен терен, по што клубот остана на претпоследното место на табелата.
Тоа беше трет последователен пораз на клубот од Берлин, кој се бори да избегне трето испаѓање од Бундеслигата од 2010 година.
Херта во сабота гостува кај Мајнц.

Најнови вести