Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2012

Олиќ потпиша за Волфсбург

Напаѓачот Ивица Олиќ на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен и ќе премине во редовите на Волфсбург, откако со „волците“ потпиша двегодишен договор.

Репрезентативецот на Хрватска веќе подолго време не е во плановите на тренерот Јуп Хејнкес, а за заминувањето во Волфсбург веќе долго време се говореше, а сега доби и официјална потврда.
Олиќ во Баерн Минхен дојде во 2009 година од Хамбургер и со „баварците“ во 2010 година ја освои двојната круна, а играше и во финалето на Лигата на шампионите. Оваа сезона главно ја помина на клупата, а на деветнаесетте натпревари во кои настапи постигна два гола.
Хрватот во својата кариера играше уште и за Херта, Марсонија, Загреб и Динамо. Во 2003 година беше дел од рускиот шампионат, каде што со ЦСКА Москва го освои тогашниот Куп на УЕФА, пред да замине за Германија.

Најнови вести