Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2012

Хофенхајм без Вилијамс во последните два натпревари

Американскиот фудбалер Даниел Вилијамс, член на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, ќе ги пропушти последните два натпревари од оваа сезона, против Нирнберг и против Херта, поради повреда на рамото.

Клубот објави дека на Американецот делумно му пукнал мускулот на рамото додека ги работел вежбите во салата за вежбање.
Повредата ќе го исфрли од погон четири до шест седмици, што значи дека оваа сезона за него веќе е завршена.
Вилијамс, 23-годишниот напаѓач, оваа сезона имаше 24 настапи за Хофенхајм, во кои заработи пет жолти картони.

Најнови вести