Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2012

Фудбалскиот сојуз на Германија ја отфрли жалбата на Херта

Спортскиот суд на фудбалскиот сојуз на Германија донесе одлука дека реванш-натпреварот за опстанок, односно промоција во Бундеслигата меѓу Фортуна Диселдорф и Херта од Берлин нема да се повторува.

Екипата од Берлин поднесе жалба на судот откако домашните навивачи во Диселдорф, мислејќи дека судијата го означил крајот, истрчаа на теренот и ја прекинаа средбата на дваесетина минути. Херта бараше натпреварот да се прогласи за нерегуларен и да се повтори.
„Жалбата беше неуспешна бидејќи Херта не успеа да докаже дека инцидентот има директно влијание на конечниот резултат на натпреварот“, изјави судијата на спортскиот суд Ханс Е. Лоренц.
Херта има 24 часа да поднесе жалба на донесената пресуда, а доколку не го направи тоа, Фортуна Диселдорф и официјално ќе стане новиот бундеслигаш.

Најнови вести