Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2013

Инцидент во Диселдорф: Се степаа Рафаел и Боѕек

На последниот тренинг на германскиот прволигаш Фортуна Диселдорф дојде до физичка пресметка меѓу двајцата играчи за врска, Нандо Рафаел (29) и Адам Боѕек (27).

Според „Билд“, сè почнало по вербална расправија, по што Рафаел се обидел со глава во глава да го удри Боѕек. Следувал одговор на Боѕек со шлаканица, а Нандо возвратил на истиот начин.
Потоа Анголецот почнал да го брка Боѕек по теренот, сакајќи да го удри со бокс, а дури тогаш се вмешале нивните соиграчи и ги разделиле.
Германскиот дневник наведува дека ова е дури трета физичка пресметка на тренинг на Фортуна во последните две седмици, па очигледно е дека во екипата владее голема нервоза поради можното испаѓање (се наоѓа на 15-тото место на бундеслигашката табела, на работ на сигурната зона, на три кола пред крајот).
Фортуна тренингот го одработи до крајот, но без двајцата нервозни играчи, а тренерот Норберт Мајер изненадувачки мирно го доживеа инцидентот.
„Тоа беше претерана агресивност. Но затоа имаме список со казнени прекршоци. Набрзо нема да знаеме што да правиме со парите од клупската каса. Има доволно за патување на Мајорка, дури и за Тахити“, се пошегува Мајер.