26.4.2013 Борусија без Пишчек против Фортуна
На утрешниот натпревар од 31-то коло на германското фудбалско првенство на гостувањето кај Фортуна Диселдорф, Борусија од Дортмунд ќе игра без десниот бек Лукаш Пишчек.
Полскиот играч се повреди во средата, во првиот полуфинален натпревар на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кога му настрада адукторот.
„Против Диселдорф дефинитивно отпадна. Дури ќе биде тесно и за реваншот следниот вторник во Мадрид“, изјави Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, алудирајќи на возвратниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал од Мадрид.
Исто така, за натпреварот против Фортуна, која се бори за опстанок, Клоп најави неколку измени во однос на составот кој играше против Реал.
„Сигурно ќе има некои измени. Колку од нив, сè уште не знам, зависи од тоа како се чувствуваат играчите“, додаде Клоп.