Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

Дармштад бара нов тренер

Германскиот фудбалски клуб Дармштад соопшти дека го отпуштил тренерот Норберт Мајер по шесте последователни порази.

Дармштад наведе дека, покрај тренерот, отказ добил и спортскиот директор Холгер Фах.
Таквата одлука на клубот следуваше по поразот од Хамбургер (0-2) на домашен терен.
Петте последователни порази на Дармштад во Бундеслигата го доведоа клубот само на едно место над зоната на испаѓање. Сега се наоѓа на 16-тото место со осум освоени бода, односно има бод повеќе од Хамбургер, а два бода повеќе од последнопласираниот Инголштад.
Рамон Берндрот, тренерот на младинската школа на Дармштад, ќе биде привремен тренер на првиот тим во наредниот период.