Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Торстен Фрингс на клупата на Дармштад

Германскиот Дармштад за нов тренер го именуваше Торстен Фрингс, со намера да избегне елиминација од првата фудбалска лига.

Дармштад е последен на табелата, а со 40-годишниот Фрингс потпиша договор до јуни 2018 година. Новиот тренер откако ја прекина играчката кариера, работеше како асистент во резервниот тим на Вердер, а потоа и во првата екипа на тој клуб.
„Торстен Фрингс има големо играчко искуство и поради тоа сме убедени дека оптимално ќе ја исполни задачата, иако нема големо тренерско искуство“, изјави Ридигер Фрич, претседателот на Дармштад.
Фрингс дојде на местото на Норберт Мајер, кој беше отпуштен на петти декември, со спортскиот директор Холгер Фах, по шесте последователни порази. Екипата во меѓувреме ја водеше Рамон Берндрот, шефот на младинската академија.