Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2011

Вердер на Фрингс му нуди тренерско образование

„Одлучивме да не му понудиме нов договор на Торстен Фрингс“, изјави пред новинарите директорот на фудбалскиот бундеслигаш Вердер, Клаус Алофс.

„Раководството на клубот, по консултација со тренерот Томас Шаф и внимателно разгледување на сите спортски и финансиски аспекти, одлучи да не излезе со понуда за нов играчки договор со Торстен Фрингс“, рече Алофс и додаде:

„Ќе му понудиме место како тренер во клубот, а со тоа ќе му дадеме шанса да се развие како тренер и да ги добие потребните дозволи за таа работа.

Разочараниот 34-годишен Фрингс претходно призна дека не добил понуда, иако се надевал на тоа. Последната сезона ја одработи како најскап играч на клубот – играше за годишна плата од четири милиони евра.

Искусниот играч од средниот ред во текот на кариерата има 402 бундеслигашки настапи, од кои 326 за Вердер. За германската репрезентација изброја 79 настапи.

Најнови вести