Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2015

Крузе официјално во Волфсбург

Макс Крузе, фудбалерот на Менхенгладбах, потпиша четиригодишен договор со Волфсбург.

Волфсбург во соопштението наведе дека договорот на 27-годишниот Крузе стапува на сила на крајот на сезоната и дека ќе трае до јуни 2019 година.
Двата клуба се договориле да не објавуваат детали од договорот, а германските медиуми наведоа дека Волфсбург платил оштета од 12 милиони евра.
„Среќни сме што Макс Крузе одлучи да направи трансфер во Волфсбург. Тој е таков тип на напаѓач кој ни недостасуваше. Ќе го подобриме нападот“, изјави Клаус Алофс, директорот на Волфсбург.
Крузе оваа сезона постигна 11 првенствени голови, а претходно играше за Вердер од Бремен, Сент Паули и Фрајбург. За репрезентацијата на Германија одигра 11 натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести