Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2017

ПСЖ го доведе Дракслер

ПСЖ го комплетираше трансферот на Јулијан Дракслер од Волфсбург, вреден околу 40 милиони евра.

Дваесет и тригодишниот германски репрезентативец потпиша договор со „светците“ до летото 2021 година за околу пет милиони евра годишно.
„Горд сум на новата етапа на својата кариера, со доаѓањето во клуб кој стана важен во Европа, кој доведува одлични играчи“, изјави Дракслер.
Тој е прво зимско засилување на Унаи Емери, чија екипа првиот дел од сезоната во Лига 1 го заврши на третото место со пет бодови зад лидерот Ница.
Дракслер пред Волфсбург, играше за Шалке, а за овие два германски тима постигна 38 голови на 215 натпревари. Има 27 настапи и три погодоци за Германија, со која го освои Светското првенство 2014 година во Бразил.
ПСЖ во февруари го очекува дуелот со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести