Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2017

Родригез тешко повреден

Рикардо Родригез, левиот бек на Волфсбург, ќе отсуствува од теренот неколку седмици поради повредата која ја доживеа во натпреварот со Лајпциг во саботата, потврдено е по деталниот преглед.

Волфсбург со победата на гостувањето во Лајпциг (1-0) ја подобри позицијата на табелата, но прославата во тој натпревар ја расипа повредата на Родригез, кој играта ја напушти во 44-тата минута.
Иако навивачите на „волците“ се надеваа дека швајцарскиот репрезентативец не е сериозно повреден, дополнителните прегледи потврдиле дека Родригез во екипата ќе се врати пред самиот крај на првенството.
Неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за екипата на Андриес Јонкер, со оглед на тоа дека Швајцарецот оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Волфсбург.
По 24 одиграни кола, Волфсбург го дели 16-тото место на табелата, кое води во плејаут, со Вердер Бремен и со Хамбургер. Сите три тима имаат по 26 бодови.

Најнови вести